Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница поради израелските напади врз Западниот Брег
- Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи седница втор ден по ред за палестинските територии, овојпат фокусирајќи се на повеќемесечните напади на Израел врз окупираниот Западен Брег.

Њујорк, 21 март 2025 (МИА) - Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи седница втор ден по ред за палестинските територии, овојпат фокусирајќи се на повеќемесечните напади на Израел врз окупираниот Западен Брег.
На седницата на Советот што се одржа вчера стана збор за ситуацијата во Газа. Заменик-рускиот амбасадор во ОН, Дмитри Полиански ги критикуваше израелските лидери дека не преминале на втората фаза од договорот за прекин на огнот, која предвидува ослободување на сите затвореници и траен прекин на борбите.
Тој рече дека е тешко да се разговара за иднината кога се чини дека израелските воени и политички лидери донеле одлука во корист на војна.
Британскиот заменик - амбасадор Џејмс Кариуки го осуди „предупредувањето на израелскиот министер за одбрана Израел Кац за целосно уништување на Газа“.
„Велика Британија повикува на повторно пружање помош на Газа, истрага за наводите за сексуално и родово насилство врз палестинските затвореници од страна на израелските сили и итно враќање на договорот за прекин на огнот“, рече Кариуки. рп/
Фото: МИА архива