• недела, 27 април 2025

Израелската армија ги повика цивилите во некои делови на јужниот дел на Газа да се евакуираат поради напад

Израелската армија ги повика цивилите во некои делови на јужниот дел на Газа да се евакуираат поради напад

Тел Авив, 21 март 2025 (МИА) - Израелската армија ги повика жителите на три области во јужниот дел на Газа веднаш да ги напуштат своите домови поради „неизбежен напад“.

-До сите жители во областа, вклучително и Ас Салатин, Ал Карама и Ал Авда - ова е рано предупредување дека нападот е неизбежен. Терористичките организации се враќаат и истрелуваат ракети врз населените области. За ваша безбедност, веднаш упатете се кон вашите познати засолништа на југ, напиша портпаролот на израелската војска, Авихаи Адрае на „Х“.

Претходно израелската армија објави дека пресретнала две ракети истрелани од Појасот Газа, набргу откако се огласија сирените во Ашкелон, град кој се наоѓа на неколку километри од границата со палестинската енклава, пренесоа агенциите.

-Израелските воздухопловни сили пресретнаа две ракети истрелани од северниот дел на Појасот Газа, се вели во соопштението. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан