UN Woman ја истакна Кисела Вода како пример за добри практики во борбата против родовото насилство на глобално ниво
- СООПШТЕНИЕ- Општина Кисела Вода е позиционирана како еден од водечките глобални ентитети во постигнувањето напредок во борбата против родовото насилство, со посебен акцент врз заштитата на девојчињата. Овој значаен успех е потврден од UN Woman, кои ја истакнаа општината меѓу 16-те примери на добри практики во справување со родово базираното насилство, на глобално ниво.
Скопје, 27 јануари 2025
Општина Кисела Вода е позиционирана како еден од водечките глобални ентитети во постигнувањето напредок во борбата против родовото насилство, со посебен акцент врз заштитата на девојчињата. Овој значаен успех е потврден од UN Woman, кои ја истакнаа општината меѓу 16-те примери на добри практики во справување со родово базираното насилство, на глобално ниво.
Ова признание доаѓа после обуките што се одржаа оваа есен во двата дома на култура во општината, каде што воспитувачи и наставници од овој дел на градот, добија практични знаења и вештини за препознавање и справување со семејно и родово насилство. На овие обуки организирани од локалната самоуправа, говореа Претседателката на Советот на Општината Светлана Колариќ, претставничката од Kомисијата за еднакви можности Тања Нанкова, од Општина Кисела Вода Цветанка Тодоровска, а предавачи беа претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и претставници од СВР Скопје. Програмата, која е дел од стратегијата за еднакви можности на општината.
-Првиот чекор за заштита од насилство е развивање на култура на почитување и толеранција, што треба да биде активен процес, инкорпориран во секој аспект од нашата заедница. Со имплементирање јасни правила и процедури за заштита од вознемирување и дискриминација, како и преку обуки за сите релевантни страни, градиме општина која активно ги препознава и реагира на проблемите на насилството. Дополнително, креирањето институционална мрежа која овозможува доверливост и поддршка за жртвите е од суштинско значење-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тренинг-сесиите се фокусираа на подигнување на свеста за различните форми на насилство, разбирање на законските процедури за пријавување, како и на рушење на родовите стереотипи и нерамнотежата на моќта. Учесниците, вклучувајќи 155 наставници и воспитувачи, активно работеа на студии на случај и практични вежби, учејќи како да реагираат ефикасно на физичка, психолошка или друг вид на злоупотреба. Како што се наведува и во списанието на UN Woman:
-Оваа иницијатива не само што ги спреми воспитувачите со суштинско знаење, туку и поттикна промена во начинот на размислување, охрабрувајќи проактивен и почувствителен пристап кон спречувањето на насилството... Кисела Вода негува побезбедна, поинклузивна заедница каде што насилството активно се решава, а родовата еднаквост е дадена како приоритет-се вели во текстот.
Иницијативата ќе продолжи и во 2025 година, кога ќе се вклучат и родителите во слични обуки, зајакнувајќи ја заедницата преку мултисекторска соработка и едукација. Со овие чекори, Општина Кисела Вода се позиционира како лидер во промовирањето на еднакви можности и борбата против родовото насилство, со визија за посилна и побезбедна заедница за сите.
Општина Кисела Вода
Фото: Општина Кисела Вода
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.