• четврток, 17 октомври 2024

Во БИХ пронајдено телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите

Во БИХ пронајдено телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите

Бања Лука, 16 октомври 2024 (МИА) - Уште едно безживотно тело е пронајдено во реонот на градот Коњиц. Ова е последното лице по кое се трагаше по катастрофалните поплави кои зафатија неколку градови во Босна и Херцеговина, со што заврши потрагата во сите градови.

„Моите колеги штотуку ме информираа дека едно лице е пронајдено во областа Коњиц, со што е завршена потрагата по исчезнатите“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита.

Вкупно пет лица го загубија животот во областа Коњиц. Телото пронајдено денеска е на машко лице, чија сопруга исто така беше пронајдена мртва пред неколку дена. Во Јабланица вчера се одржа колективна погребна молитва за 19 жртви од поплавите на подрачјето на Долна Јабланица.

Вкупно 27 лица загинаа во свлечиштата и поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина на почетокот на месецот, 19 во областа Јабланица, пет во Коњиц и уште три во Фојница. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан