• вторник, 26 ноември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
7 октомври 2020 Наш народен живот Месени јадења Од брашно правиме бакрдан. Ќе зовриет водата, ќе му туриме сол и ќе го туриме брашното. Ќе поварит, поварит, па ќе му туриме мас и ќе го јадеме. Бакрданот се јадет со м’ќејнца или со млеко кисело. Исто од брашно правиме туптајнца. Ќе је замесиме со брашно пченкарно или чисто. После ќе је испечиме кори-кори, после со нош ќе је сечиме, па ќе је дробиме и ќе му туриме мас. Кашаник прајме од пченкарно и од чисто: ена кора пченкарно, ена чисто. После ќе го исечеме на парчики. Се јадет исто со м’ќејнца, со млеко. Петулици се прават од чисто брашно. Правиме кори и и печеме на огењ на р’буљка (од земња праена црепња брз р’бој). И петулиците и мажеме со мас или им тураме урда: кора петулици, кора урда росиме. Бијат и бес урда, пак и сечиме на прчики. И јадеме со млеко. Комат се прајт од чисто брашно. Се печет во црепња. Му се турат зелје. Ќе го плеснеме ка што се плескат бирекот. Над зелјето се турат кора брана со дипли. Некој комат прават и от пченкарно брашно, а го печат во црепња или во тепција. Суо печио со кори печени на сач. Озгора на сачот и печеме корите и и вртиме или на шпорет сега. Ќе и редиме на рет и кори праени со јаболка или со зелје вн’тра. Ако е печиото само со мас, суро печио. Тигајнци помеко се замесени. Се пржат во врела мас. Крофни не сме прајле. Јуфки и тарана сме прајле, друго не. Лебој Лебој месиме от пченка и от ’рш: пченкарни и ’ржени. Некојп’т тураме и бело по малу. Чистиот леп го викаме погача. Тоа порано ретко народ јадел, само кој имал. Сега е све погачи. Уште правиме денија или петилеп. Тија с’т пет лепчиња. Ќи пејт попот со пчејнца и вино и масло. Виното и маслото ќостанет ф црква, и ќи посипет лепчињата. Попот ќе ни вратит три или четири лепчиња, и едно ќе земет. Денијата се прајт за напредок, за здравје, за слога ф куќи. Проскур проскури, сме месиле за нафора. А некој пак, ко сакат да ваѓат литургија на мртвите носат варена пчејнца и леп. Тоа се растурат во чес на мртвите. Пресниче се викат пресно, некиснато лепче от чисто или пченкарно брашно. Се месит на брзина кога сакаш, кога имаш потреба. Повише се месит пченкарно. Жената на работа От ка ќе и свршат домашните рабоќе, жените одат на дрва, берат дрва в орман. От ка ќе соберат дрва, ќе се вежат. Имат разни дрва во нашиот орман, ама највише имат бука. После мие жените, ојме на жетва да жнеме. Ојме и по сено. Лете береме сено. Порано, дури беше полето, појќе в поле беревме, а сега ојме ф планина. Жените на прем’лѕок одат ке офците. Прем’лѕок викаме кога офците ќе се м’лѕат ке ужина ф планина па после млекото се носит дома. Други работи: пилињата ке нараниме, кокошките свињите (кој имат свиња), телците ќе вардиме, и м’лѕиме кравите навечер. Вечериште собираме, вода носиме. От ка ќе завршиме со ова, ќе сенеме да вечераме. Ќизмиеме ногите ќе легнеме. М’жење - Женење Нашите три села: Мавроо, Никифороо и Леуноо межу себе имат најмногу земање-давање или м’жење-женење. Со реканштија појќе со руфетот имаме врска, а по ј’зикот не. Со ј’зикот сме со Гостиар. Со Тајмишта паметам само еден случај земање-давање имало во Леуноо. Во Мавроо не паметам. И со Среткоо и Цероо слабо сме имале земање-давање. Со Дуф сме имале и со скоро сите села от реканштијата (Горна Река): Беличица, Врбен, Богдео, Ничпур и други села. (Раскажани од Наталија Угриноска, 63 годишна, родена во с. Никифороо, мажена во с. Мавроо). Месарија - редница Ко дојдоф нееста најдов петина девери, најдов двајца сфекрофци, две свекрви (двајца сфекровци викаме: еден стрико и еден прав свекор. Во селото и викаме едно - сфекровци). Бефме петнаесет души ф куќи. Имав четири ј’трви пред мене, ја беф петтата. Во куќата за работа распоред правеше свекор ми. Жените во куќата по една недела теравме месарии, редници бевме. Редниците (месариите) по една недела остануат дома. Дома работат. Од вечер ќи месевме лебојте, па ќи печевме ву дванаесе сато. Ќе стануевме рано ко ќе поа петлите да и месиме лебојте. Па ќе земевме колепката при нас да колебаме. После ќи печевме лебојте. Сабајле рано ќи испраќавме сфекрофците в поле со кола. В дисаѕи ќе нап’лнефме лебој. Другите жени ќе одеа на поле. Појќе граори береа. Дома остануеше само месаријата со свекрвата. Свекрвата само поможуе; ќе донесе вода, дрфца некојпат, свињите, гоедата ќи потера, мала работа. Радницата си зн’ет редот што требет. Вечер ко ќе доат дома аргатите, месаријата ќи дочека: вечерата ќим ја тури, ќим намести за спиење. Утрината домашните стануат и одат пак на поле на работа. Ако му остане ден месаријата ќе попреде, ќе поплете, ќе покрпи малу на аргатите. На тија што ошле на работа требе нешто да се крпнет да се оперет. Месаријата и постелуе и постелите. Другите ќе си доа, ќе си вечераа и ќе си легна. Месаријата ќе и гледа малите деца од ј’трвите, ќи повија, ќи к’пе, ќи развија. Таке сме си се помагале. Раскажала Божа Маркоска, 67 годишна од с. Стенче. Од книгата Гостиварскиот крај, 2, запишал Аритон Поповски, Гостивар, 1970 г. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан