• вторник, 17 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
25 октомври 2020 Преданија и легенди Зошто горел Стамбол набрго Секој знај оти во Стамбол секоја вечер имало јанг’н и до тој век се јанг’н ќе имало, чунки бил проколнат од Свети Јоана Златоуста, коа го сурдисуале од Стамбол друзите владици, што биле собрани во тоа време, да ја врзуаат верата православна. Чунки тој бил што зборуал во додекадата најпрво, да од тоа беа го запизмиле некој богати старци и беа го сурдисале од Стамбол надвор и ошто му дошло мака дека бил стар чоек, тики го проколнал Стамбол и рекол: - Ај да би секоја вечер јанг’н да се праи во овој пусти град што ме намачи мене стар чоек, одејќи пеш на сургун, во оваа силна горештина! Така проколнуајќи Св. Јоан уште во таа вечер се започнал јанг’но и секоја вечер кај се чини јанг’н и до ден-денеска. Лудите са умните, а умните са лудите Трна Исус Христос да патува во Витлеем за Назарет. На п’тот дека патуваше намери две девојки, п’лние вода на една чезма. Тој дојде до кај чезмата, таму, му вели Исус Христос: - Девојко, девојко, дај ми мало вода да се напија. - Не си слеп, слези, - му вели, - пиј, - на Исус Христос, девојката. - О, -вели, - ти не си добра девојка – му вели, - слеп ме напрви на мене, слези пиј. Другата девојка му вели: - Господа, Господа повели од мојот бардак да се напиеш вода. И тој зема бардакот, се напил мало вода и каза: - Ва девојка многу паметна, добра, - рече, - а та другата девојка е многу луда - рече – па шо е луда та – рече – не можи да направи семејство, - рече- добро, - рече – ама ќе напрајме нија така, - му кажва на учениците. На таја девојката лошата, - рече – ќе му дајме едно многу мирно момче, таја да лаје кај кучка, тој да ќути и да си направе фамилија – рече.- На таја мирната девојка – рече – ќе му дајме едно лјуто момче, тој да вика, да цика, та да ќути и да си направе фамилија. - Господа, господа, зашто говориш така, - му веле ученивците, з- ашто говориш така? На лошата девојка да му дајме лошо момче, на мирната девојка да му дајме мирно момче за да можи мирната да си живи добро и лошата , - рече – нека си живи лошо. - Слушајте, другари, - рече – аку му дајме на мирната девојка – рече – мирно момче ќе се нај мирни двајцата – рече – дома. Аку му дајме, - рече – лудо момче на лудата, - рече – ќе се изеде кај кученишта – рече – и не ќе може да направе фамилија. На мирната девојка ќе му дајме лјуто момче, - рече – а на лудата девојка – рече – ќе му дајме мирно момче за да можи да направе фамилија и да си живее добро. И денденес и јас и бабата, јас сам тро полјут, бабата ми е помирна и си живеиме добро. Чумата во вироо И сега чумата ко идела, идела од Џван кон ваму, кон Мренога. И еден чоек од пазар с’идеу. Чифт коњи терау. А женава едно кошниче в раце... - Каде стринче? - Ами, ќодам – рече – кон Мренога, кон Вироо угоре. - Ами качи се на колава. – Рекоу мреножанецов. Се качила та. И ова сега терат коњиве, одит по патот. Ко дојдоо до мостон, оти за Мренога мост имат, кај мостон е велит: - За Вироо ако ојш овде ќојш. - Ами – рече – ти од кај си дете? - Од Мренога – рече – сум бабо. А ти стринче, од кај си, кај ојш вака? – тој е прашау. - Ами, слушај ваму. Јас сум чумата, што тепам народ. – Та му велит. – Јас сум чумата. И тој с’уплашиу, пуштиу дизгините од коњите. - Е, - рече – не плаши се синко. Ја со писмо одам, со тефтер. Кому му е судено да г’убијам, ќе г’убијам., кому не му е... Ќ’одам кај Недановци. – Тие голема фамилија бја, три-четириесет души. Ќе му повикнам в една ноќ седум души, осум души, на ден, тројца, четворица, пет... - Не сум? – е прашуват овој. - Ти не си – рече – во тефтерот. Држи си дизгините од коњите и ој си дома. Еве не си ти за тепање. Ја ќодам кај Недановци сега и сетне редот е кај Радевци, кај не знам кој, сетне ќе продоужам кон Вироо ако втасам. И не втасала. И та ко ќе седнеле некаде кај што ќе појдит и чинела чешлај се. Стори се жена и чешлај се. Си седит и си се чешлат. И сетне ќе скитнит. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан