• среда, 27 ноември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
30 декември 2020 Македонски народни песни запишани од Бирте Треруп  Заплакала је вдовица Заплакала је вдовица на таја турска граница, на Стојанова гробница: „Стани ми, либе Стојане, да видш, Стојан, да чујеш, твоите девет дечица, твоите дребни сираци, сироти, голи и боси.“ Од жалби земја прозбори: „Гледај ги, либе, чувај ги, моите девет дечица, моите дребни сираци.“ Пеела Милева Ѓорѓева Мушкарска, Смојмирово. Димна Јуда град градила Димна јуда град градила, град градила на планина, на планина, на Влаина. Што је колје побивала, се ергење за главење, што је праќе заплиќала, се са моми за давање, што је стражи поставила, се дечица пеленчица, ѓто је врати затварала, се невести под телове. Пеел Николачко Илчов Арсов од Ветрен. Пасол Димо шилежина Пасол Димно шилежина, по валози, по прелози. Една вечер нападнаја, нападнаја арамии, фанали го Дели Димо фанали го, врзали го. Ја Димо им вели, ем говори: „Арамии, воденлии, пуштите ми десна рака, подајте ми писан кафал, да засфирам на мојата, на мојата стара мајка.“ Пуштили му десна рака, подали му писан кафал. Не засфири на негова, на негова стара мајка, тук засфири на негови, на негови милни псета: „Мои псета сивогриви, дека да сте тука да сте! Нападнаја арамии, арамии, воденлии.“ Ка дочули тија псета, три морета вода разматили, три полета трева размрсили, три осио буки искратили. Балабана најнапреде, ја Грифчоте ја по него, Канџа кучка наодзаде, црева мота тетив прави. Љупчо Димовски, Берово, Тработивиште. Разболела се је Римка Разболела се је Римка, једна на мајка. „Кажи Римке, кажи шчери, од шчо си болна?“ „Мојта болес стара мајко, не је од Бога, мојта болес, стара мајко, од кара севда, кого јазе сакам, мајко, он не ме сака, кој ме мене сска, мајко, јас го не сакам. Ќе ти умра, стара мајко, млада зелена, млада зелена, мајко, непољубена.“ Пеела Даница Толева, Тработивиште. Од збирката „Источномакедонски народни песни“ од Бирте Треруп, Копанхаген 1970. Бирте Треруп е позната фолклористка од Данска. Има вршено истражување во Гора и во источниот дел на Македониј,а во Малешевскиот крај и во пиринскиот дел на Македонија. Своите истражувања ги има објавено во поголем број свои трудови, а собраните материјали во неколку книги. Таа од музички аспект ги истакнува спецификите на македонскиот музички фолклор. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан