• вторник, 24 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
24 ноември 2020 Свети великомаченик Мина Чудотворец Како војник качен на бел коњ им помагал на тие што биле во неволја Именден празнуваат: Мино... Роден во Мисир, египетскиот војник Мино живеел за време на царот Диоклецијан кога бил вршен прогон на христијаните. Бил офицер во царската војска, но ја напуштил службата и заминал во пустина, зашто подобро се снаоѓал меѓу ѕверовите отколку меѓу луѓето неверници. Еднаш додека паганите прославувале некој свој празник Мино влегол во градот, објавил дека е слуга Христов и ги разобличил идолопоклонството и паганството како најголем мрак и незнаење. Поради тоа бил изложен на големи мачења, бил тепан, струган со железни четки, а потоа исечен со меч и фрлен во оган за да не можат христијаните да го погребат. Но тие, сепак, спасиле делови од неговото тело и пристојно ги погребале. Подоцна тие биле пренесени во Александрија и биле погребани, а над нив била подигната црква посветена на неговото име. Свети Мино настрадал околу 304 година. Правел чуда и за време на животот и по смртта. Често им се јавувал на тие што му се обраќале, некогаш како војник качен на коњ, и им помагал на тие што биле во неволја. (Подготви Марко Китевски)  

Остани поврзан