• среда, 01 април 2026
МИА Најави (ДПЛ)

1 април 2026

Скопје - Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Сала 6-Собрание/11:00)

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (10:00) 

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Домот на културата „11 Октомври“ во Општина Гази Баба. (10:00)

Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу ќе одржи прес-конференција. (Министерството за здравство/11:00) 

Скопје - Клиниката за гастроентерохепатологија во соработка со Фондот за здравствено осигурување ќе промовира две нови медицински процедури: Холангиоскопија и Апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS). (Ендоскопски кабинет на Клиниката/10:00)

Скопје - Свеченост на Државниот архив по повод 75 години од неговото основање. (Порта Македонија/12:00)

Гевгелија - Во Гевгелија ќе се одржи трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. (сала на Народен театар/18:00)

Скопје - Претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе одржи брифинг со медиумите. (во седиште на партијата/12:30) 

Скопје - Прес-конференција на Демократската унија за интеграција. (Седиштето во Скопје/12:30)

Штип - Факултетот за образовни науки во Штип организира работилница на тема: „Планирање час со Noticing: Како вештачката интелигенција им помага на наставниците да ги доразвијат сопствените идеи“. (Факултет за образовни науки – Штип-Предавална 1/10:00 до 13:00)

Скопје - Амбасадата на Грција, во соработка со NOVA International School Скопје организираат универзитетски саем “Study in Greece”. (во NOVA International School/15:00 до 17:00)

Скопје - Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) организира институционална посета на конкретна активност во  рамки на шестдневната програма на училиштата. (Гимназија „Јосип Броз Тито“/09:30)

Софија - Во Македонскиот КИЦ во Софија ќе биде отворена изложбата „In a Silent Way“ од Марjан Ѕингаров. (18:30)

Скопје - ОСТЕН организира серија изложби посветени на карикатурата во текот на целиот месец април, кој оваа година го одбележуваат како Месец на хуморот и сатирата.

Скопје - Почнува КРИК – фестивал за критичка култура 2026. (Центар „Јадро“/19:00)

Скопје - ЈУ Детски културен центар „Карпош“ под покровителство на Град Скопје ја организира традиционалната детска манифестација „Априлијада“. (ГТЦ/10:30)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан