• сабота, 04 јануари 2025

Возилата со кои беа прегазени луѓе во Њу Орлеанс и Лас Вегас биле изнајмени преку иста апликација

Возилата со кои беа прегазени луѓе во Њу Орлеанс и Лас Вегас биле изнајмени преку иста апликација

Лас Вегас, 2 јануари 2025 (МИА) - Возилото „Тесла“ што експлодираше во средата во Лас Вегас беше изнајмен од Туро, истата апликација за автомобили што се користела за изнајмување на камионетот што учествуваше во нападот во Њу Орлеанс.

Од оваа апликација потврдија дека возилата вклучени во двата инцидента се изнајмени преку нивната служба.

„Нашиот тим за доверба и безбедност активно соработува со органите на прогонот за да сподели какви било информации што може да бидат корисни во нивните истраги“, се наведува соопштението.

„Не веруваме дека некој од изнајмувачите имал криминално потекло што би ги идентификувало како безбедносна закана и во моментов не ни се познати никакви информации кои укажуваат дека двата инцидента се поврзани“, се додава во соопштението.

Туро им дозволува на сопствениците на приватни автомобили да ги изнајмуваат своите возила.

Во Њу Орлеанс вчера маж влета со камионет во толпа луѓе при што загинаа 15 лица. Станува збор за Шамсуд Дин Џабар, американски државјанин од Тексас.

Експлозија на „Тесла Сајбертрак“ се случи и пред хотелот на Трамп во Лас Вегас и се истражува како можен терористички акт. Едно лице загина, а седум се повредени. паг/

Фото: МИА архива



 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан