• вторник, 18 март 2025

Мерц: Зголемувањето на трошоците за одбрана означува нова ера на европската безбедност

Мерц: Зголемувањето на трошоците за одбрана означува нова ера на европската безбедност

Берлин, 18 март 2025 (МИА) - Потенцијалниот германски канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека планираното зголемување на германските трошоци за одбрана и економскиот раст претставуваат пресвртница за европската безбедност.

„Со години живееме во лажно чувство на сигурност“, рече Мерц во обраќањето пред Бундестагот, додавајќи дека „повоената мировна дивиденда одамна е исцрпена“ и дека на Германија и треба целосна ревизија на нејзините одбранбени способности.

Тој нагласи дека одлуката за зајакнување на одбранбената готовност претставува „прв голем чекор кон нова европска одбранбена заедница“, која би можела да вклучи и земји надвор од Европската унија. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан