• вторник, 24 декември 2024

„EX-SITU: Уметнички позиции за загрозениот биодиверзитет и соживот на видовите“ во Сараево

„EX-SITU: Уметнички позиции за загрозениот биодиверзитет и соживот на видовите“ во Сараево

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - Во Националниот музеј на Босна и Херцеговина во Сараево утре ќе биде отворена изложбата „EX-SITU: Уметнички позиции за загрозениот биодиверзитет и соживот на видовите“. Од нашата држава во проектот учествуваат уметниците Дарко Алексовски и Нада Прља.

Нашиот уметник Дарко Алексовски учествува со серија дела насловени „И планините продолжуваа да ветуваат“, а Нада Прља со инсталацијата создадена од девет слики, под наслов „Се родив да летам III“ и Umwelt (животната средина), интервенција врз постоечка музејска витрина. 

Покрај  Алексовски и Прља на изложбата учествуваат и уметниците Ламија Чехајиќ, Danube Transformation Agency for Agency, Анита Фукс, Теута Гатолин, Ернст Кослич, Полонца Ловшин, Рало Мајер, Едит Пајер, Ирена Лагатор Пејовиќ, Лала Рашчиќ, Оливер Реслер, Иван Шуковиќ, Адриен Ујхази / Немања Миленковиќ, Ана Васоф, Дриант Зенели и Дардан Жегрова. Куратори на изложбата се Маргарете Маковец и Антон Ледерер.

-Во срцето на Босна и Херцеговина, во планинскиот појас Враница, живее Босанскиот планински тритон – вид водоземен лазач кој се смета за загрозен вид. Националниот музеј на Босна и Херцеговина е во процес на изградба на вивариум за ex-situ заштита на овој вид. Музејот планира да обезбеди континуирано постоење на овој вивариум со цел да се заштити овој вид ако навистина изумре во неговото природно живеалиште. Босанскиот планински тритон и планираниот вивариум се појдовни точки за оваа изложба на современи уметнички дела во рамки на Природонаучниот оддел на Националниот музеј во Сараево, соопштија организаторите.

Осумнаесет уметници и уметнички групи од Централна и Југоисточна Европа претставуваат дела кои се изложени на пресекот помеѓу природата, човековата активност и различноста (на видовите) наспроти загрозените форми на живот во Антропоценот. Со оваа поставка во Природнонаучниот оддел на Националниот музеј, уметничките практики директно се поврзуваат со научни референци. 

Составен дел од проектот ќе биде еднодневен симпозиум со гости од областа на визуелните уметности и експерти од областа на природните науки. Нашите ликовни уметниции Христина Иваноска и Нада Прља се дел од учесниците на симпозиумот. Оваа средба на кустоси и културни работници, уметници и научници, има за цел да ја промовира размената во контекст на темата на на изложба и проектот на Националниот музеј за заштита на Босанскиот планински тритон, и е наменет за пошироката публика.

За референците и препораките, кураторите се заблагодаруваат на Ирена Бориќ, Адела Деметја, Ирфан Хошиќ, Христина Иваноска / Јане Чаловски / Јованка Попова, Ајете Керќели / Нита Зеќири, Андреа Палашти и Наталија Вујошевиќ. Проектот на < ротор > центарот  за современи уметности (Грац, Австрија), нарачан од Одделот за култура на Штаерска по иницијатива на австриското Сојузно министерство за европски и меѓународни работи, е посветен на загрозениот Босански планински тритон.

Изложбата ќе биде отворена до 3 март.бт/са/

Фото: плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан