„Бритиш ервејз“ ги прекинува летовите од аеродромот Гетвик
- Британската авиокомпанија „Бритиш ервејз“ времено ќе ги прекине сите летови од аеродромот Гетвик, вториот најфреквентен аеродром во Велика Британија, поради епидемијата на коронавирусот.

Лондон, 31 март 2020 (МИА) - Британската авиокомпанија „Бритиш ервејз“ времено ќе ги прекине сите летови од аеродромот Гетвик, вториот најфреквентен аеродром во Велика Британија, поради епидемијата на коронавирусот.
На одлуката влијаеле деловните ограничувања и предизвикувачкиот пазар за време на пандемијата на Ковид-19.
„Бритиш ервејз“ претходно овој месец соопшти дека компанијата се бори за опстанок и ќе мора да отпушти одреден број работници.
Авиокомпанијата ќе продолжи да реализира летови од аеродромот Хитроу во Лондон. гт/