• понеделник, 23 декември 2024

Џонсон заминува со „крената глава“, Сунак доби најмногу гласови во првиот круг

Џонсон заминува со „крената глава“, Сунак доби најмногу гласови во првиот круг
Лондон, 13 јули (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се повлекува од функцијата „со крената глава“ иако во говорот пред пратениците призна дека заминува порано отколку што сакал, објавија британските медиуми денеска кога поранешниот министер за финансии Риши Сунак доби најмногу гласови во првиот круг од гласањето за наследник на Џонсон. „Апсолутно е точно дека заминувам во момент кој не е по мој избор. Заминувам, но со крената глава“, рече Џонсон речиси една недела откако ја објави својата оставка, изнудена од масовните оставки на министрите и другите членови на неговиот кабинет по серија скандали.                   Денеска се одржа првиот круг гласање меѓу осумте кандидати за наследник на Борис Џонсон на чело на конзервативната партија и на функцијата премиер, при што Сунак доби најмногу гласови, 88. Следеше министерката за трговија Пени Мордоунт со 67 и министерката за надворешни работи Лиз Трас со 50. Министерот за финансии Надим Захави и поранешниот шеф на канцеларијата Џереми Хант беа елиминирани во првиот круг. Риши Сунак, Лиз Трас, Том Тугендхат, Кеми Баденох, Пени Мордоунт, Џереми Хант, Надим Захави и Суела Браверман ги обезбедија 20-те потписи на колеги пратеници потребни за учество во натпреварот. Со денешниот круг бројот на кандидати е намален на шест, а следните кругови ќе се организираат до двајца финалисти. Резултатот се очекува на 5 септември. паг/  

Остани поврзан