• недела, 22 декември 2024

Џафери: Протоколот на НАТО ќе се ратификува до 12 февруари

Џафери: Протоколот на НАТО ќе се ратификува до 12 февруари
Скопје, 8 јануари 2020 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека до 12 февруари ќе се ратификува Протоколот за членство во НАТО. Тој во изјава за телевизија Телма вели дека по формирањето на Владата во Шпанија сега кај нас е многу полесна и појасна процедурата. - Во овој момент нема потреба да се брза со предвремена ратификација. Владиниот предлог е во собраниска процедура и нема индиции дека е неопходно предвреме да се постапува, изјавил Џафери за Телма. Според него, сите парламентарните партии се подготвени да дадат зелено светло. Парламентот на Шпанија синоќа му даде поддршка на лидерот на социјалистите Педро Санчез за формирање на коалициска влада, со што се става крај на речиси едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.
Формирањето на шпанската Влада ќе го отвори патот за ратификација на протоколот за членство во НАТО со што нашата држава ќе стане 30-та членка на Алијансата. нд/дма/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан