• четврток, 26 декември 2024

Ќахил: Голема задача за нашата Амбасада ќе биде полското претседавање во 2025 година со ЕУ

Ќахил: Голема задача за нашата Амбасада ќе биде полското претседавање во 2025 година со ЕУ

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Со Полска отсекогаш имаме одлични билатерални односи. Голема задача на нашата Амбасада ќе биде полското претседавање во првата половина на 2025 година со ЕУ, истакна вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Полска, Јасмин Ќахил при денешното претставување на платформата за дипломатските активности пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика.

-Еден од моите основни задачи ќе биде мапирање на нашите меѓу 1 500-2 000 државјани кои живеат во Полска и што е можна подобра соработка со нив. Голема задача ќе биде полското претседавање во првата половина на 2025 година со ЕУ. Тоа ќе биде голема задача за Амбасадата. За жал, логистички Амбасадата и понатаму ќе биде ангажирана околу посетите на нашите делегации на Украина, бидејќи логистички организациски посетите на Киев одат преку Амбасадата во Варшава, рече Ќахил.

Задача на амбасадорот Ќахил, би требало да биде намалувањето на трговскиот дефицит кој, како што рече, е огромен. Потенцира дека треба да продолжи позитивниот моментум и очекува во неговиот мамндат од сегашните 35 илјади во посета на нашата држава да дојдат 100 илјади полјаци.

-Ние со Полска имаме одлични односи отсекогаш. Има четири –пет причини зошто е тоа така, пред се за гостопримството на полската држава за нашите сограѓани од Северна Македонија, Егејска Македонија кои во 48’, 49’, 50’ година беа примени во полската држава најголем од нив се вратија во Македонија. После земјотресот во 63-та година имавме помош која често се заборава а тоа е групата таканаречени Архитектонски тигри на Чибаровски кои тука направија дополнителен план како ќе изгледа Скопје после војната. Малку луѓе знаат дека Музејот за современата уметност е дело на полските архитекти и таму се дадени повеќе од 300 ликовни дела на полски уметници како подарок на полската држава за нашата држава. Од 2005 година Полска направи извонреден за тоа време храбар чин - го призна нашето уставно име што не го направија голем дел од тогашните земји на ЕУ. Тоа беше голем чекор напред на односите. Тоа за нас тогаш значеше  многу. За овие осум-девет години околу 1400 полски полицајци беа на напата јужна граница во врска со проблемот со миграцијата, рече Ќахил. 

Од гледна точка на посети, Ќахил истакна дека има редовни посети особено на ниво на претседатели – претседателот Стево Пендаровски два пати беше во Полска во 2020 и 2022 година. А, како што потсети, полскиот претседател Анджеј Дуда беше во посета во 2021 година во нашата земја, кога двајцата претседатели си ги разменија највисоките ордени.

Ќахил истакна дека економската размена како бројка е задоволителна – 412 милиони, е релативно висока броја, меѓутоа проблемот е, како што рече, што ние извезуваме само 86 милиони долари, а остатокот е наш увоз од таму. Напомна дека Полска е нашиот 11-ти трговски партнер со тренд да влезе меѓу првите 10. 

Ќахил рече дека добрата вест е што полските туристи се на првото место од земјите-членки на ЕУ како туристи оваа година во Македонија и се на второ или трето место после  српските и турските туристи по број на посети. Потенцира дека околу 35 илјади оваа година се очекува да ја посетат Македонија, тоа е во рамиките на генералната ренесанса на нашиот туризам.

Ќахил истакна дека во поглед на образованието веќе 35 години во Катовице работи Лекторатот за македонски јазик. Во однос на културата, информира дека се работи на обнова на блокот 17 во Аушвиц со австриски пари и на УНЕСКО, кој се очекува следната година да се заврши и свечено да биде отворен.

Ќахил нагласи дека и во областа на одбраната имаме добра соработка со Полска.

-Нашите војници оваа година учествуваа на  Анаконда вежбата Во Варшава. Овој месец министерката Славјанка Петровска се виде со полскиот  министер за одбрана Блашчак, рече тој.фф/лв/

Фото: Принтскрин од видео 

Остани поврзан