• среда, 25 декември 2024

Њујорк се подготува за судењето на Трамп - распоредени 35.000 полицајци

Њујорк се подготува за судењето на Трамп - распоредени 35.000 полицајци

Њујорк, 4 април 2023 (МИА) - Пред денешното судење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп њујоршката полиција стави во состојба на подготовеност околу 35.000 полицајци.

Поранешниот претседател, кој ја мина ноќта во кулата Трамп во Њујорк пред почетокот на судењето, нестрплив е јавно да проговори за обвинението против него, наведуваат повеќемина од неговото опкружување, а пренесуваат локалните медиуми.

Иако Трамп денеска треба формално да биде уапсен, се очекува тој по читањето на обвинениото да биде на слобода и веднаш да замине за својот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Трамп, наводно, размислувал да и се обрати на јавноста пред судот, а советниците го повикале да го одложи обраќањето додека не пристигне на Флорида, пред се, од безбедносни причини.

Меѓутоа, се чини дека Трамп сепак ќе зборува во Њујорк, но во зградата на судот.

Адвокатот на поранешниот претседател изјави дека очекува Трамп да зборува пред камерите во ходникот на судницата на Менхетен и пред и по неговото денешно сведочење.

Крис Киси, еден од адвокатите на Трамп, рече дека синоќа се сретнал со Трамп во кулата Трамп.

-Претседателот е оптимист и решен како и секогаш да се бори против оние кои создаваат неправда, рече Киси.

Можно е и Трамп да зборува во Мар-а-Лаго. Во секој случај, Трамп сака јавно да го објави својот случај додека продолжува да го напаѓа окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, пренесува Си-ен-ен . сд/

Остани поврзан