• четврток, 26 декември 2024

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе и се обрати на нацијата пред гласањето за импичмент

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе и се обрати на нацијата пред гласањето за импичмент

Сеул, 7 декември 2024 (МИА) - Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол изутринава ќе и се обрати на нацијата, соопшти неговиот тим. Тоа ќе се случи пред планираното парламентарно гласање за негово отповикување поради неговиот обид оваа недела да воведе воена состојба во земјата.

Говорот ќе биде прв за претседателот откако, под зголемен притисок од Парламентот, тој ја повлече воената состојба на 4 декември наутро, само шест часа откако ја прогласи.

Лидерот на владејачката Народна партија, Хан Донг-ху вчера рече дека претседателот претставува опасност за земјата и дека треба да биде сменет од функцијата, зголемувајќи го притисокот врз шефот на државата, иако подоцна неговите сопартијци од Народната партија сепак потврдија дека ќе го отфрлат неговиот импичмент при гласањето. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан