• среда, 26 март 2025

ЈП „Чистота и зеленило“ организира акција за собирање кабаст отпад

ЈП „Чистота и зеленило“ организира акција за собирање кабаст отпад

Куманово, 25 март 2025 (МИА) - ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово по насоки дадени од Министерството за животна средина и просторно планирање повторно организираат акција за собирање на кабаст отпад. Акцијата почна утрово на три локации во населбите Карпош“, „Перо Чичо“ и на крстосницата помеѓу улиците „Тоде Мендол“ и „Есперанто“.
Акцијата трае до 31 март, годинава. 

Од комуналното претпријатие ги повикуваат граѓаните на Куманово до крајот на месецов да се приклучат на акцијата и бесплатно да го одложат кабастиот отпад од своите домови во садовите поставени од „Чистота и зеленило“ на трите локации во кумановско.

Во февруари се одржа слична акција на која се собираше кабаст отпад на пет локации и тогаш кумановци покажаа значителен интерес за оставање на отпадот на овие локации.

Ваквите акции ќе продолжат и во месец април, соопштија надлежните.

Несовесни граѓани од Куманово исфрлаат фотелји, кревети, гарнитури на несоодветни локации, од комуналното претпријатие „Чистота и Зеленило“ постојано апелираа до граѓаните да достават барања до нив за да се организираат акции за собирање на кабаст отпад.

Често се случува ваков вид отпад да заврши и во речното корито. Кумановци, граѓански организации реагираат на ваквата појава која ја загадува животната средина и бараат од инспекциските служби соодветни санкции. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан