ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнало приближно 50 кубни метри отпад од повеќе диви депонии во општините Чаир и Карпош
- Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале приближно 50 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Карпош.
Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале приближно 50 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Карпош.
Во општината Чаир било интервенирано на улицата „Славеј Планина“, во непосредна близина на скопското Теќе, каде што се подигнати 15 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавна површина.
- Приближно 10 кубни метри претежно мешан комунален отпад е отстранет од сообраќајна површина на улицата „Самоилова“, а расчистени се и неколку помали диви депонии составени од кабаст и градежен отпад лоцирани на улицата „Цветан Димов“, соопштија денеска од ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје за време на викендот отстраниле и 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во близина на Арената „Борис Трајковски“. цр/дма/
Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје