• сабота, 24 август 2024

ЈП за државни патишта: Исплатени 3.280.000.000 денари врз основа на обврските од Договорот за реализација на делниците на Коридор 8 и 10 д

ЈП за државни патишта: Исплатени 3.280.000.000 денари врз основа на обврските од Договорот за реализација на делниците на Коридор 8 и 10 д

Скопје, 4 јули 2023 (МИА) - Јавното претпријатие за државни патишта информира дека врз основа на обврските од Договорот за реализација на делниците на Коридор 8 и 10 д, согласно Програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектите на Коридорите 8 и 10 д за 2023 година усвоена од Владата и објавена во Службен весник бр.63/23, исплатени се 3.280.000.000 денари.

- Овие средства се наменети за авансно плаќање согласно со член 14.2. од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д, односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства, за геоемханички испитувања, мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување на кампови, лабараторија и други работи од страна на изведувачот, соопштија денеска од Јавно претпријатие за државни патишта .

Ккао што стои во соопштението, Коридорите 8 и 10д се стратешки приоритет и најголем инфрастрктурен проект со кој до 2027 година ќе се изградат 110 километри автопатишта за што државата ќе издвои околу 1,3 милијарди евра. цр/мч/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан