• понеделник, 23 декември 2024

Тошковски: Објавуваме војна на криминалците, нова оперативна акција фокусирана на безбедноста на Скопје

Тошковски: Објавуваме војна на криминалците, нова оперативна акција фокусирана на безбедноста на Скопје

Скопје, 24 август 2024 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека од денеска МВР отвора посебна оперативна акција фокусирана на безбедноста на Градот Скопје, а предвидува зголемена присуство на полицијата на терен.  

Тоа е, им порача на граѓаните Тошковски во „Тема на денот” во дневникот на ТВ Сител, затоа што МВР сака да ја доведе безбедносната состојба каква што треба да биде.

- Од денеска официјално објавуваме војна на багабонтите и криминалците кои од страна на претходната власта им било дозволено толку многу да хараат како во Скопје, така и на целата територија на Македонија, затоа што мислат дека и сега истото ќе го прават, порача министерот Тошковски, откако беше прашан како е можно 200 лица затвореници да избегаат од двата затвори „Шутка“ и „Идризово“ во Скопје во 2023 година и дали можеме да се чувствуваме безбедни во Скопје.

Тој оцени дека државата е во катастрофална состојба, а системот, рече, е уништен.

- Но нема повеќе привилигирани. Секој еден што се огрешил и се посрамотил пред својот народ, а притоа злоупотребил овластување, особено ако станува збор за полициски службеници, државни функционери итн.... ќе одговара пред законот, беше дециден министерот за внатрешни работи Тошковски.  

Прашан за бегството на косовскиот државјанин Блерим Рамадани, лице барано од страна на Интерпол за сторено кривично дело во Србија, Тошковски одговори дека на ова лице му бил изречен ефективен притвор, а после тоа првпат во историјата на Македонија, како што рече, на странец за екстрадициона постапка му се изрекува куќен притвор. Toj го повика Јавното обвинителство максимално брзо и ефикасно, да постапи согласно сите потребни процесни дејствија што треба да се преземат во насока да се расветли овој случај. Тошковски информира дека МВР ги има обезбедено сите потребни докази врз основа на кои ќе може да се утврди вистината и истите согласно процесни дејствија ќе ги достави до надлежен јавен обвинител.

Што се однесува до најавата за тоа што ќе следува од есен за истраги од страна на МВР, Тошковски одговори дека истраги има и ќе има, но, подвлече, прашањето е колку професионално ќе се сработат и кој ќе биде ефектот од истите.

- Јас не се сеќавам во изминатите 20 – тина години од истрорија на македонија, да одговарал врховен судија, не се сеќавам да одговарал член на Совет на јавни обвинители и пртиоа да признаат дека на сметка на македонските граѓани се товарале финансиски во изминатиот период и ги злоупотребувале сите доверби дадени институционално, изјави меѓу другото министерот за внатрешни работи, најавуваќи дека МВР ќе продолжи со докази и факти и со конкретни дејствија да работи во интерес на граѓаните.

За полициска акција во тетовско Гајре, министерот Тошковски упати благодарност до сите професионлци и полицискуи службеници кои учествувале во вчерашната акција кога беше е застрелан осомничен за убиство баран по потерница и бегалец од психијатрија во„Бардовци“. Тој информиа дека постоеле индиции и полицијата точно знаела за какво лице станува збор, ризично лице и било очекувано дека ќе одговри на таков начин. Поради тоа, истакна Тошковски, била активирана и специјална единци „Тигар“, кои дејствувале на ниво на задачата и високо професионално.

Во врска со убиството во близина на трговскиот центар Мавровка во Скопје, министерот Тошковски меѓу другото појасни дека се реагирало максимално ефикасно и брзо, не повеќе од два часа, кога е идентификуван, лоциран и фатен сторителот на убиството, кој пукал на полициските службеници во моментот на неговото лишување од слобода. Согласно доказите кои МВР ги има во рамки на постапките, тој бил во придружба на друго лице, кое е осомничено и за кое ќе се преземат соодветни процесни дејствија. 

- МВР ги објави иницијалите за оној за кој бевме сигурни дека постојат основани сомненија дека го сторил делото. Но, не беа објавени иницијалите за второто лице, за кое утврдивме дека не е поврзано со настанот и истото беше ослободено, рече министерот за внатршени работи и нагласи дека мора да се почитува принципот на презумпција на невиност. цр/

Фото: принтскрин 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан