• петок, 26 јули 2024

Јордан: Неуспехот да се скроти Израел, го турка регионот на Блискиот Исток кон поголема војна

Јордан: Неуспехот да се скроти Израел, го турка регионот на Блискиот Исток кон поголема војна

Аман, 12 јануари 2024 (МИА) - Јордан денеска предупреди дека неуспехот да се обузди, како што рече, „екстремистичката“ политика на Израел против Палестинците, го турка регионот на Блискиот Исток кон повеќе конфликти и војна.

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади оцени дека Израел ја изложува на опасност безбедноста на регионот бидејќи, како што наведе, меѓународната заедница не успеала да ја запре израелската агресија врз Палестинците, пренесоа јорданските државни медиуми.

САД, Велика Британија и сојузниците започнаа воздушни и поморски напади врз воени цели на Хутите како одговор на нападите на оваа вооружена група врз бродовите што пловат по Црвеното Море. ссм/

фото: архива

Остани поврзан