• четврток, 05 септември 2024

Јапонски разузнавач уапсен во Белорусија

Јапонски разузнавач уапсен во Белорусија

Минск, 4 септември 2024 (МИА) – Во Белорусија денеска е приведен агент на јапонската разузнавачка служба, јави белоруската телевизија Белорусија 1.

Агентот, наводно, бил вклучен во собирање разузнавачки информации за социјалните и економските услови во Белорусија, спроведувањето на кинеската иницијатива „Појас и пат“ и ситуацијата долж украинско-белоруската граница.

Медиумот наведува дека ја снимал и белоруската воена инфраструктура. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан