Јапонскиот амбасадор Јазуја на средба со охридскиот градоначалник Пецаков
- Повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO – E Јапонски лебдечки свет“ на големите јапонски мајстори за дрворези од 17 и 18 век, што по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија ќе биде поставена во куќата на Робевци

Охрид, 26 април 2024 (МИА) - Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во нашата земја, Оцука Казуја.
Повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO – E Јапонски лебдечки свет“ на големите јапонски мајстори за дрворези од 17 и 18 век, што по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија ќе биде поставена во куќата на Робевци, информираат од Општина Охрид.
Градоначалникот Пецаков, како што соопштуваат од Општина Охрид, се заблагодарил за исклучително добрата соработка со Јапонската амбасада и изразил надеж дека и во иднина локалната самоуправа ќе биде во можност да учествува во заеднички проекти со Амбасадата. аб/нд/
Фото/Општина Охрид