• вторник, 06 август 2024

Јапонија и Турција со предупредување до своите граѓани веднаш да го напуштат Либан

Јапонија и Турција со предупредување до своите граѓани веднаш да го напуштат Либан

Tокио, 5 август 2024 (МИА) – Турција и Јапонија ги предупредија своите граѓани веднаш да го напуштат Либан.

Јапонското МНР објави предупредување за патување во кое ги повикува јапонските граѓани во Либан да ја евакуираат земјата поради зголемените тензии.

Турција ги повика своите граѓани да го напуштат Либан поради можноста безбедносната ситуација таму брзо да се влоши, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи.

Турците во Либан треба да бидат внимателни и да не одат во областите Небатије, Јужен Либан, Бека и Баалбек-Хермел, освен ако тоа не е од суштинско значење, се вели во соопштението на Министерството.

„Оние кои не треба да останат во Либан, треба да го напуштат Либан додека се уште функционираат комерцијалните летови, ако е можно“.зш/

Остани поврзан