• сабота, 23 ноември 2024

Јанчев: „Мој општинар“ и понатаму успешно ќе работи

Јанчев: „Мој општинар“ и понатаму успешно ќе работи
Кавадарци, 14 октомври 2021 (МИА) - „Мој општинар“ од добар пилот проект стана општински сектор кој и понатаму успешно ќе работи, најави денеска кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев. Тој се наврати на проектот за кој рече дека бил реализиран првпат во неговиот мандат, за помалку од 2,5 години. Појасни дека Кавадарци има реони, а секој реон свој општинар. -Со ова ја доближивме Општината до народот. Направивме отворена општина за сите. Преку „Мој општинар“ секојдневно стигнуваат до службите сите барања на кавадарчани. Потоа се решаваат во најкус можен рок, рече Јанчев. Јанчев рече дека и во иднина овој сектор ќе работи во интерес на сите кавадарчани. свд/мд/

Остани поврзан