• недела, 23 февруари 2025

Јанчев: Интензивни врнежи од снег во Кавадарци, сите патишта проодни

Јанчев: Интензивни врнежи од снег во Кавадарци, сите патишта проодни

Кавадарци, 12 јануари 2025 (МИА) - Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев попладнево информира дека и покрај интензивните врнежи од снег на територија на општина Кавадарци, сите патишта биле проодни.

-Во текот на вечерта, но и во моментов, во Кавадарци има интензивни врнежи од снег. Службите задолжени за зимско одржување на патиштата од Јавното претпријатие „Комуналец“ - Кавадарци со осум машини механизација интервенираат на терен веќе од раните утрински часови, се наведува во објавата на Фејсбук.

Јанчев нагласува дека исчистени се сите патни правци кон селата во Поткожувјето, до ски-центарот „Михајлово“, околните села на Кавадарци, централното градско подрачје и институциите во општината. свд/хс/ 

Фото: ФБ Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан