Јаневски: Можеме до целта за 2022 година - преку 400 милиони долари и над 2,6 милиони ноќевања
- Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски смета дека македонскиот туризам може да ја заокружи годинава со повеќе од 400 милиони долари и реализирани н

Скопје, 18 септемри 2022 (МИА) - Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски смета дека македонскиот туризам може да ја заокружи годинава со повеќе од 400 милиони долари и реализирани над 2,6 милиони ноќевања.
Како што напиша на својот фејсбук профил, девизниот прилив во вториот квартал 2022 година споредбено со истиот период лани е зголемен за 46 отсто и изнесува повеќе од 106 милиони американски долари.
-Девизниот прилив први два квартала 2022 споредбено со истиот период 2019 година е за 20 проценти зголемен. Можеме до целта за 2022 година во македонскиот туризам: повеќе од 400 милиони долари, повеќе од 2,6 милиони ноќевања, наведува Јаневски. мч/цр/
