• вторник, 24 декември 2024

Јавниот превоз утре во Скопје по неделен возен ред

Јавниот превоз утре во Скопје по неделен возен ред
Скопје, 18 јануари 2021 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред. Посочуваат дека исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров. Изменетиот посочен режим, информира ЈСП, е поради верскиот празник Богојалвение (Водици). фф/ац/

Остани поврзан