• четврток, 04 декември 2025

Јавна расправа за реформските закони за дигитална трансформација

Јавна расправа за реформските закони за дигитална трансформација

Скопје, 19 јуни 2025 (МИА) - Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и посторно планирање денеска организираше Јавна расправа за реформскиот пакет закони за дигитална трансформација: Предлог законот за електронските комуникации, Предлог законот за безбедност на мрежни и информациски системи, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за архивски материјал и архивска дејност и на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. 

Експерти од областа и засегнати страни ги истакнаа своите ставови, предлози и забелешки по предлог-законите за што поуспешно нивно носење и имплементирање, а ресорниот министер Стефан Андоновски повика да се донесат навреме, квалитетно и со консензус.

Бобан Драгорски од Американската стопанска комора рече дека законот колку и да е потребен во одредени сегменти предвидува прекумерна регулација, што, според него, значи и помалку конкурентен приватен сектор во државата. Побара одложување примената на законот да биде од 1 јануари 2027, наместо од почетокот на идната година. 

Во целост го поддржуваат носењето на законот за безбедност на мрежи и информациски системи, но оти како приватен сектор особено ги загрижуават две суштински работи. Првата се однесува, како што рече, на претерана регулација која ја гледаат во тоа што при динстинкцијата на тоа кои субјекти се суштински,  а кои важни,  се отстапува од директивата, односно како држава воведуваме повисоки  барања во однос на тоа што се бара заради  тоа што вклучуваме повеќе субјекти кои се суштински од тоа што треба.

- Втората работа се однесува на членот 4, став 3 од Законот кој предвидува дека независно од големината на субјектот законот се применува на сите во државата. -  Директивата предвидува да се применува на сите субјекти независно од големината но во областите кои се дефинирани.  Се доведуваме во ситуација кога веќе сме во ера на борба за покорпоративни секотори, ние го правиме токму спротивното, односно воведуваме поголеми барања од тоа што го предвидува регулативата. Особено загрижува и примената на законот, од 1.1.2026 година, а деталните листи кој точно ќе го применува законот треба да се донесат во рок од 12 месеци, односно до 30 јуни 2026-та, што значи ќе имаме период од шест месеци во кој нема да се знае кој треба да го применува, рече Драгорски.

Упати забелешка и дека со Предлог законот за изменување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, транспонирањето  на регулативата на ЕУ за доказната сила на електронскиот потпис не е соодветно транспонирана со што доказната сила на електронскиот потпис не се препознава како нешто што во државата треба да претставува основа за дигиталната трансформација. 

Претседателот на Комисијата, Беким Ќоку, истакна дека со оглед на стратешката определба на земјава за членство во Европската Унија, потребно е усогласување со ЕУ стандардите.

- На европскиот пат, ЕУ нуди помош за земјите преку инструментот ИПА, како и планот за зголемување, средства кои за да се добијат услов е исполнување на реформските агенди, меѓу кои е и дигиталната трансформација, рече Ќоку.

Како што соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во согласност со Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан, со донесувањето на реформскиот пакет закони за дигитална трансформација Македонија добива пристап до повеќе од 19 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра се наменети како директна буџетска подршка. Овие 19 милиони евра, како што рече, се неколкукратно поголеми од вкупниот буџет со кој располага Министерството за дигитална трансформација (МДТ).

- Со овие закони нашата европска иднина не е апстрактна визија, туку конкретен процес кој бара јасна политичка визија, оперативност, одговорост и храбри одлуки. Тука сме денес да го потврдиме токму тоа, со конкретни резултати и јасна визија. Точно е, имаме предизвици, како и секоја земја во процес на трансформација, но имаме и волја, знаење и институционален капацитет. Со работните групи што работеа на четирите закони покажавме дека тој капаците го имаме и во рамки на државата, рече Андоновски.

Претставувајќи го напредокот во реформската агенда 2024-2027 Андоновски рече дека тој не е декларативен туку конкретен, мерлив и усогласен со европските приоритети. 

Порача законите да не се гледаат како формалност, туку како темел, рамка, акциски план, како треба да градиме дигитализирана, конкурентна смарт Македонија затоа што, потенцораше, ова не е усогласување само со европските регулативи, туку поставување систем, ред, стандарди, модернизација  во еден често занемарен но суштински сегмент на јавната администрација,  но и на севкупното живеење во општеството.  - Со овие закони, обезбедуваме директи бенефити за граѓаните, го зајакнуваме интегритетот на дигиталните услуги, безбедноста,  придонесуваме за побрз економски раст преку иновации. Наша заедничка обврска е да ги донесеме навремено, квалитетно и со консензус  затоа што тоа е во интерес  на сите граѓани, институции и компаниии независно од нашата кава било припадност, рече Андоновски.

Тој посочи дека со законот за безбедност на мрежни и информациски системи првпат во државава се воспоставува законска рамка за регулирање на сајбер безбедноста и претставува важна стратешка определба која носи јасна порака за одговорност, зрелост и визија во областа на дигиталната безбедност.

- Формираме два тима за брз одговор на компјутерски инциденти, два ЦИРТА, едниот јавен, е едниот за Владата. Поттикнуваме соработка, а не изолација затоа што покажуваме мрежна поврзаност преку националниот координатор за сајбер безбедност. Законот не го гледајте како регулатива, туку како рамка за континуирана едукација, акциски  план за активности и во приватниот сектор и во јавната администрација којшто треба да не води во наредните три-четири годни каде треба да се движиме како држава во поглед на сајбер безбедноста, рече Андоновски. 

Според него, со законот за електронските комуникации се прави значаен исчекор кон дигиталната иднина, усогласувајќи ја домашната регулатива со најновите европски  стандарди - Европскиот законик за електронски комуникации и Директивата 2018/1972 и најновата регулатива за гигабитна инфраструктура.

- Овој закон носи подобрување на квалитетот на услугите, ги заштитува потрошувачоте, ги унапредува универзалните услуги, ги рационализаира и поедноставува инфраструктурните изградби и поставува јасна регулаторна улога на Агенцијата за електронски комуникациии, посочи Андоновски.

Како што појасни, со изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги се продолжува дигиталната трансформација  што ја нуди ЗЕК во насока на воведување на дигитален паричник.  - Овој  паричник значи електронски идентитет за граѓаните на сигурна, унифицирана и прекугранична призната алатка која ќе им овозможи на граѓаните и бизнисите безбеден пристап до јавни и приватни електронски услуги. Поставуваме темел/рамка за работа која ја поставуваат најнапредните држави од ЕУ и ќе ни овозможи да  напредуваме многу побргу од државите во регонот, но и од поразвиените држави затоа што имаме предност во поглед на дигиталната трансформација, мали сме како држава, а имаме прилично  писмено население во  смисла на дигитализација кое веднаш ги прифаќа електронските услуги и дигтиталните можности што ни се нудат, оцени министерот за дигитална трансформација. 

Со Предлог законот за измени и дополнувања на архивски материјал и архивска дејност, пак, се поставуваат цврсти темели за модерна и дигитално  ориентирана архива која ќе овозможи ефикасност, транспаретно и законски  усогласено управување со службената документација и архивскиот материјал во државата. Го регулира,  појасни министерот, целиот процес на создавање, обработка, заштита, чување на архивскиот материјал затоа што за нас  е многу важно да не формираме  различни документ менаџмент системи за секоја институција кои не комуницираат меѓу себе а многу често и во рамки на институција па едни исти бази на податоци кои постојат за едни предмети не можат да се искористат во истата институција за некои други предмети.  - На овој начин со измените на овој закон поставуваме јасна обврска на секоја од јавните  институции да има еден единствен систем за процеси, кој ќе значи нивна интерабилност. Иако претходното Министерство за информатичко општество и администрација претходно имало  ваков систем, отсуството на законска обврска кај институциите придонело тие да немаат волја да се приклучат тој систем, посочи Андоновски.лв/вј/

фото: Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање 

Остани поврзан