• сабота, 23 ноември 2024

Ѓукановиќ: Ќе ја поддржиме европската политичка заедница ако тоа доведе до забрзување на евроинтеграцијата

Ѓукановиќ: Ќе ја поддржиме европската политичка заедница ако тоа доведе до забрзување на евроинтеграцијата

Подгорица, 23 јуни 2022 (МИА) - Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека Подгорица е заинтересирана за членство во Европската унија, а не за алтернатива за членство и дека ќе ги поддржи сите предлози, вклучително и создавање европска политичка заедница, доколку тоа е форма што може да ја забрза европската интеграција.

По средбата на лидерите на Европската унија и земјите од Западен Балкан во Брисел, Ѓукановиќ рече дека на самитот била испратена најважната порака дека Западен Балкан има свое место во ЕУ и дека е многу важно да се врати кредибилитетот на реформската политика на регионот.

Тој додаде дека засега нема подготвеност да се разговара за датумите за влез на земјите од регионот во ЕУ, но дека постои расположение да се работи на подобрување на животната средина, пред се на отстранување на пречките кои се најдиректно изразени во однос на Софија кон Скопје.

„Тоа е на ниво на индивидуално размислување гласно. Не би можел да зборувам за тоа како политика на ЕУ. Ставот е сепак да не се зборува за датуми, туку за создавање средина во која процесот ќе се забрза. Има консензус за тоа“, рече тој.

Ѓукановиќ рече дека е многу важно низ сите дискусии да се повтори дека идејата за создавање европска политичка заедница не е замена за членството, туку нова рамка која ги надополнува институционалните односи меѓу Западен Балкан и Европската унија и која може да помогне да се забрза процесот, но дека основната идеја е членството на Западен Балкан во ЕУ. паг/

Остани поврзан