• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓиевски: Работните групи работат на законските измени за отповикување на градоначалници на референдум

Ѓорѓиевски: Работните групи работат на законските измени за отповикување на градоначалници на референдум

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Заедницата на единиците на  локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека работните групи работат на изготвување на законските измени на Законот за локална самоуправа со кои се очекува во одредеми случаи градоначалниците да можат да се отповикуваат на референдум пред да им заврши четиригодишниот мандат.

- Тоа е тема која јас како претседател на ЗЕЛС ја отворив пред околу година дена и првата иницијатива за тој закон е од ЗЕЛС. Ние имаме работни групи кои работат на тоа. Во Градот Скопје има таква состојба каква што е, која беше иницијатор да го иницираме овој момент. Единствен суеверен во државата е народот, освен што има можност да го даде мандатот на некого, може и пред време да го одземе тој мандат. Ќе треба заедно да се седне и со Министерството за локална самоуправа во наредниот период, д Да се обединат сите сили околу овој закон. Експертската јавност ќе треба јавно да се вклучи, да се дискутира на таа тема. Отповикувањето, според мене, треба да се врши на начин граѓаните по пат на референдум да можат да отповикаат градоначалник, рече Ѓорѓиевски по форумот на ЗЕЛС „Здружени“ во ставање крај на родово базираното насилство.

Потенцира дека тој е процес во којшто се засегнати градоначалниците, но, како што нагласи, сите градоначалници едногласно го поддржуваат.

- Сите градоначалници го поддржуваме тој процес, затоа што, за жал, во државава освен во моментот што ни се случува во Градот Скопје, имаме и многу други неуспешни примери и приказни од минатото каде што се чекало да поминат четири години за на некого да му заврши мандатот и затоа имаме состојби во кои во 21 век решаваме фекални канализации, населени места се непокриени со водоводна мрежа, немаат градинки, училиште.... Согласно законската регулатива која е во моментот, некој може да биде избран за градоначалник четири години и да ги помине во хибернација и ништо да не сработи за оние кои што му ја дале поддршката. Верувам во законско решение кое што во перспектива нема да дозволи да ни се повтори ова што ни се случи во Градот Скопје, нагласи Ѓорѓиевски. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан