• вторник, 24 декември 2024

Ѓорѓиевски: Казната нема да се плати, има Одлука уште во 2005 година во која се наведени сите општини коишто можат да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“

Ѓорѓиевски: Казната нема да се плати, има Одлука уште во 2005 година во која се наведени сите општини коишто можат да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција одржана во просториите на општината наведе дека нема потреба од никаков договор за одлагање на отпадот во Јавното претпријатие „Дрисла“ и покажувајќи фактури од скоро минато како се одлагало утпад во депонијата истакна дека нема потреба од никаков договор којшто се спомнува, туку има Одлука донесена уште во 2005 година каде што сите општини се наведени коишто можат во секое време да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“, и затоа нагласи дека за оваа казна нема да се плати ниту еден денар од џебот на граѓаните и од буџетот на оваа општина, затоа што, како што рече, оваа казна нема основ.

-Откако беа неколку камиони наполнети со отпад, отпадот по логика на нештата се упати кон единствената регионална депонија за која што за одлагање на истиот отпад нема потреба од никаков договор којшто тие го споменуваат бидејќи има одлука и ова е јавно достапна, донесена уште во 2005 година каде што сите општини се наведени коишто можат во секое време да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“ и за тоа да им се изврши мерење на отпадот и за истото да им се изработи фактура и да им се наплати, рече Ѓорѓиевски.

Потсети дека додека се спречувале камионите од Кисела Вода и Сопиште да одложат отпад во „Дрисла“, други возила, меѓу кои и возила со странски регистарски таблички биле пропуштани да влегуваат во депонијата.

-Да не го изоставам фактот дека додека се спречуваше да камионите од Кисела Вода и Сопиште камионот којшто ни беше на помош испратен на нашата општина да одложат отпад во „Дрисла“ возила со италијански регистарски таблички селективно, но и други возила беа пропуштани да влегуваат во „Дрисла“ и да одлагаат отпад. Замислете, возилата на граѓаните на општина Кисела Вода, сопственост на Општина Кисела Вода за коишто уредно се плаќало секогаш во „Дрисла“ биле попречувани да го однесат и да го одложат отпадот во „Дрисла“, а селективно биле пропуштани возила меѓу кои со странски регистарски таблички, кажа тој.  

Додаде дека само нивните камионо биле задржани на лице место час и половина.

-И по неколку пати предупредувања од наша страна, после неколкупати повикувања на разумност од наша страна да ни се дозволи да отпадот во внесеме во „Дрисла“, каде што е местото на отпадот којшто ние го собравме, за тоа плаќаат граѓаните, а не го извршувал Градот Скопје тоа како своја активност за која што земаат пари од граѓаните, немавме друга опција после нашите предупредувања освен истиот да го одложиме пред ЈП „Дрисла“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски кој додаде дека втората опција која што им била на располагање било повторно отпадот да биде вратен во Кисела Вода.

Тој исто така наведе дека депонијата „Дрисла“ е лоцирана во дел на Сопиште и дел на Општина Студеничани, општини коишто се надвор од границите, но и од ингеренциите на Градот Скопје.

На новинарското прашање зошто казната е напишана казна само за Општина Кисела Вода а не и за Општина Аеродром, Ѓорѓиевски одговори дека нивните камиони биле подолу и дека имало неколку камиони во серија.

- Нашите беа први камиони, втори беа на општина Сопиште. Изречени се казни и за Општина Сопиште 50 и не знам колку илјади евра и 86 или 84 илјади евра изречена казна на Кисела Вода за одложување на отпад на јавна површина, одговори тој.

Ѓорѓиевски најави дека ќе се разгледа можноста за поднесување на кривична пријава, но не даде точен одговор дали таа кривична пријава би била насочена кон институциите, во случајов, ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје, или ќе биде лично кон лицата за коишто они сметаат дека се одговорни за ова прашање. сх/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан