• среда, 26 февруари 2025

Ѓорѓиевски:  Не позајмуваме, прв имаме повеќе приходи од долгови

Ѓорѓиевски:  Не позајмуваме, прв имаме повеќе приходи од долгови

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - 2024 година е трета година од мојот мандат, но и трета година во историјата на Кисела Вода кога финансиските средства на општинската сметка се значително повисоки од обврските. Денес, за разлика од минатото, ние не позајмуваме – ние инвестираме, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на почетокот од своето денешно обраќање пред Советот на Општина Кисела Вода каде се усвоија кварталните извештаи, се наведува во соопштението од Општината.

Во своето излагање, како  што се додава во соопштението, тој ја истакнал трансформацијата на општината во изминатите три години, посочувајќи ги рекордните финансиски резултати и историските капитални инвестиции.

-2023 и 2024 година се години со највисоки капитални инвестиции во историјата на нашата општина. Истовремено, 2024 е годината со највисоки приходи остварени во буџетот споредбено со било кога во минатото. Ги срушивме старите лоши навики на моите претходници, ја запревме праксата на непланирани трошења и создадовме модел на развој кој гарантира стабилност и раст, изјавил Ѓорѓиевски.

Информирал и дека со оваа историски највисока реализација на капитални проекти во износ од 155.898.143 денари, не се вклучени ниту еден од проектите чија реализација е во тек и ќе бидат завршени во 2025 година: изградба на Основно училиште „Климент Охридски“, доградба на детска градинка „8-ми Март“, доградба на Основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“, реконструкција на коловоз на ул. „Ѓорѓи Димитров“, изградба на пат кон манастир „Пеленица“, изградба на потпорни ѕидови и уредување на речното корито „Мала Рада“.

-Цело време говоревме дека работиме домаќински, ги скративме сите непродуктивни расходи, но истовремено ги зголемивме приходите. Денеска можеме со гордост да кажеме дека поставивме здрави темели и изградивме просперитетна и самоодржлива општина, потенцирал градоначалникот, додавајќи дека делот на приходите, разликата меѓу работењето денес и она во минатото е драстична.

Ѓорѓиевски нагласил и дека реализираните приходи во консолидираниот Буџет за 2024 година се за 38 отсто повисоки во однос на 2020 година, односно за 287.541.464 денари повеќе. Во 2020 година, додал тој, претходната власт користела кредит од 54.451.735 денари, кој сега го враќаат. Без тие средства, нагласил градоначаникот, разликата во нашето работење во 2024 година изнесува 341.993.199 денари повисоки приходи.

-Кога на ова ќе се додадат сите скратени непродуктивни трошоци, јасно е зошто денеска имаме најмногу капитални проекти, а истовремено и рекорден број субвенции и помош за жителите, истакнал градоначалникот, додавајќи дека Буџетот за 2025 година ќе овозможи многу повеќе приходи, со тоа и многу повеќе капитални проекти и субвенции, како и целосна реализација на ветената Програма, се наведува во општинското соопштениие. ац/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан