• сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ ја освои својата 80. титула во кариерата

Ѓоковиќ ја освои својата 80. титула во кариерата
Њујорк, 29 август 2020 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва во Њујорк го победи Канаѓанецот Милош Раониќ во финалето на Мастерсот Синсинати со 2-1, по сетови 1:6; 6:3 и 6:4. За Србинот, ова е 23-та последователна победа од почетокот на сезоната 2020 година. Титулата во Њујорк е 80. Во кариерата на Ѓоковиќ. Тој го освои 35-от Мастерс и се изедначи со Рафаел Надал. Претходно, Ѓоковиќ беше првиот играч кој ги освои сите девет Мастерси, сега тој е единствениот што ги освои сите Мастерс двапати. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 4,2 милиони долари. зс/

Остани поврзан