• четврток, 26 декември 2024

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето во Рим

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето во Рим
Рим, 13 мај 2022 (МИА) - Со победата над Швајцарецот Стин Вавринка со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на АТП турнирот во Рим. Ова претставува 89 четвртфинале на Мастер турнири во кариерата за најдобриот тенисер на светот. Противник во петок ќе му биде Феликс Огер-Алиасим, деветтиот тенисер во светот, кој во осминафиналето беше подобар од Американецот Маркос Жирона со резултат 6:3, 6:2. Ова е прва средба на Ѓоковиќ и 21-годишниот Ојер-Алијасим. ар/дма/
 
 
 
 

Остани поврзан