• сабота, 23 ноември 2024

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе ми дозволат да настапам во Мелбурн 

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе ми дозволат да настапам во Мелбурн 

Лондон, 22 септември 2022 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денеска оти не зависи од него дали ќе настапи на Австралија опен на почетокот на идната година, откако организаторите во јануари годинава му ги затворија вратите бидејќи не е вакциниран против коронавирусот. 

-Не можам да ви кажам многу околу настапот на Австралија Опен идната година. Таквата одлука не е во моите раце, изјави Ѓоковиќ, кој рекордни девет пати го освојуваше австралискиот грен – слем ((2008., 2011., 2012., 2013., 2015., 2016., 2019., 2020. и 2021). 

- Можам само да се надевам дека ќе бидам на терените во Мелбурн, додаде Ѓоковиќ. 

Поради одбивањето да се вакцинира против коронавирусот, Ѓоковиќ оваа година доби забрана за настап и на УС опен, а триумфираше во Вимлдон. ег/паг/ 

Остани поврзан