• среда, 27 ноември 2024

Ѓоковиќ за Мареј: Енди остави голема трага во тенисот, нешто ми кажува дека ќе ја продолжи кариерата

Ѓоковиќ за Мареј: Енди остави голема трага во тенисот, нешто ми кажува дека ќе ја продолжи кариерата

Лондон, 3 јули 2024 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ верува дека Енди Мареј кој се повлече од Вимблдон во сингл, ќе ја продолжи кариерата.

- Тажна вест за турнирот и за целата тениска заедница. Слушнав дека ќе се обиде да игра во парови. Се надеваме дека ќе има уште една шанса да игра сингл овде следната година. Познавајќи го, тој ќе се обиде да го направи тоа. Тој покажа неверојатна издржливост во текот на неговата кариера. Грен слем шампион, тениска легенда, поранешен број 1. Тој е инспирација за сите тенисери. Неверојатен професионалец. Неговиот пристап е нешто од кое вреди да се научи. Неговата желба да се турка понатаму за да види што може да постигне дури и со вештачки колк е инспиративна и пример за многу млади играчи кои се жалат на нешто. Енди остави голема трага на тенисот. Нешто ми кажува дека ќе продолжи. Тој има право сам да одлучи кога да заврши. Ако сака да продолжи, луѓето дефинитивно ќе бидат многу среќни, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по стартната победа на Вимблдон 2024.

Ѓоковиќ е втор носител на Грен слемот во Лондон. Тој во 2.коло ќе се соочи со домашниот претставник Џејкоб Фернли. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан