• сабота, 22 февруари 2025

Ѓоковиќ го победи Легечка и закажа меч со Алкараз во четвртфиналето на Австралија Опен

Ѓоковиќ го победи Легечка и закажа меч со Алкараз во четвртфиналето на Австралија Опен

Мелбурн, 19 јануари 2025 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес го победи Чехот Јиржи Легечка во мечот од четвртото коло на Австралија Опен 2025 година - 6:3, 6:4, 7:6 (7:4).

Мечот траеше 2 часа и 41 минута.

Ѓоковиќ сервираше 9 асови, направи 3 двојни грешки и реализираше 3 од 11 брејк топки, Легечка сервираше 11 асови, направи 4 двојни грешки и реализираше 1 од 3 брејк топки.

Во четвртфиналето 37-годишниот Србин ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз.

Вкупниот награден фонд на Грен слем турнирот во Австралија Опен 59,9 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан