• петок, 05 декември 2025

Тер Штеген, потврди дека ќе отсуствува околу три месеци поради операција на грбот

Тер Штеген, потврди дека ќе отсуствува околу три месеци поради операција на грбот

Барселона, 24 јули 2025 (МИА) - Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, објави дека ќе мора да се подложи на операција на грбот.

Претходно беше објавено дека клубот инсистирал на операција, а самиот 33-годишен Германец се сомневал во потребата од медицинска интервенција до самиот крај.

- Денес е тежок ден за мене. Чувствувам дека сум во многу добра форма, но за жал трпам болки. По интензивни разговори со медицинскиот персонал на Барселона и експерти од трети страни, беше потврдено дека најбрзиот и најбезбедниот начин за целосно закрепнување е операцијата. По претходната операција, се вратив на теренот за 66 дена - околу два месеци, но овој пат лекарите веруваат дека ќе бидат потребни околу три месеци за да се избегне ризик, напиша Тер Штеген на социјалните мрежи.

Германецот брани за Барселона од 2014 година. Во сезоната 2024/25, тој одигра девет натпревари за Каталонците во сите натпреварувања, прими 11 гола и еден натпревар ја зачува мрежата чиста. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан