• понеделник, 23 декември 2024

Штип ќе продава градежни парцели за фотоволтаици на земја

Штип ќе продава градежни парцели за фотоволтаици на земја

Штип, 15 ноември 2022 (МИА) - Општина Штип почна со изготовка на урбанистичко планска документација за поставување на фотоволтаици на земјиште. Раководителот на Сектор за урбанизам при Општина Штип, Лазар Хаџи Николов вели дека станува збор за две локации, со вкупна површина од околу 155 хектари. По изготовката на документацијата ќе почнат и со продажба на градежните парцели за поставување на фотоволтаици.

-Едната локација се наоѓа во катарската Општина Чардаклија и се површина од околу 40 хектари, а другата локација се наоѓа во катарската Општина Ново Село, истата е поголема, односно со површина од околу 115 хектари, вели Хаџи Николов.

Посочи дека интересот е голем за поставување на фотоволтаици земјиште од страна на приватни инвестори, кои имаат купено своја земја. Досега имаат одобрено 20 докуменатции, а во тек е изработка на уште 30. вдј/сст/

Остани поврзан