• четврток, 30 јануари 2025

Штипското онколошко одделение е опремено, но само за дијагностика, недостига и стручен кадар

Штипското онколошко одделение е опремено, но само за дијагностика, недостига и стручен кадар

Штип, 28 јануари 2025 (МИА) - Онколошкото одделение при штипската Клиничка болница е солидно опремено, но само во делот на дијагностиката. Марија Караколевска-Илова специјалист- онколог денеска изјави дека сепак кога станува збор за кадар и просторни услови имаат проблем.

-Овде се примаат сите онколошки пациенти од источниот регион, но станува збор само за амбулантски прегледи. Типовите карциноми кои се лекуваат се дел од карцином на дојка, на простата, на колон и метастатски карцином на коски, вели Караколеска-Илова.

Бројката на онколошки пациенти постојано се зголемува, не само во Штип, туку и на ниво на државата. Само во декември минатата година во Штип имало 3.500 амбулантски прегледи кои се консултативни, првични прегледи, прегледи во однос на протокол за следење, по завршен третман, а сто од тие пациенти се на активен третман, кој доаѓаат секој месец.

-Имајќи предвид дека кај нас во Клиничка болница- Штип е застапен целиот протокол за еден онколошки пациент од хирургија, биопсија, патологија, па и до онкологија бројот секојдневно расте. Повеќе од неминовно е решавање на овој проблем, да се згрижат пациентите од источниот дел на државата. Ние имаме потреба пред сѐ од кадар, бидејќи на онколошкото одделение функционира само еден онколог, со една сестра, а потребни ни се соодветни просторни услови, изјави Караколевска-Илова.

Терапијата со која располага онколошкото одделение при Клиничка болница Штип е ограничена за одреден број на пациенти. вдј/сст/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан