• среда, 27 ноември 2024

Штипските волонтери на Црвен Крст делат шишиња со вода и флаер за заштита од пожари

Штипските волонтери на Црвен Крст делат шишиња со вода и флаер за заштита од пожари

Штип, 18 јули 2024 (МИА) - Волонтерите на Општинската организација на Црвен Крст-Штип денеска делеа флаери за заштита од пожари и шишиња со вода на граѓаните во централното градско подрачје, со цел какошто велат да се заштита од топлотен бран.

Силвија Димитрова, волонтер во ОО Црвен Крст-Штип рече дека ваквите акции ги организираат да им помогнат на граѓаните, кои мора да излегуваат на високите температури од своите домови, за да завршат некоја работа во институциите.

-Денеска делиме вода и флаери за заштита од топлотен бран и пожари, поради високите температури да ги заштитиме некако граѓаните од опасносите кои можат да се случат со високите температури, колапс и слично. Нудиме вода и флаери на кои што има, како да се заштитат од топлотниот бран, да избегнуваат излегување во одредени периоди, повеќе да внесуваат течности, но и флаери за заштита од пожари, поради несаканите пожари кои се на територија на Македонија, изјави Димитрова.

Волонтерите посочија дека на терен делуваат во попладневните часови кога е најтопло и кога температурите се највисоки. вдј/сст/

Фото: МИА

 

Остани поврзан