• среда, 27 ноември 2024

Штипскиот Универзитет прими над 20 студенти преку Програмата „Еразмус"

Штипскиот Универзитет прими над 20 студенти преку Програмата „Еразмус

Штип, 1 ноември 2023 (МИА) - Над 20 студенти од неколку европски држави преку Еразмус програмата денеска со церемонија беа пречекани на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Добредојде им посакаа проректорката за меѓународна соработка проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска, студентите, како и дел од канцеларијата за меѓународна соработка при Универзитетот.

Студентите споделија многу интересни приказни, се запознаа меѓусебно и имаа ден за ориентација. Двајца од студентите по вторпат го избрале УГД како место каде ќе ја поминат Еразмус размената.

-По втор пат сум во Штип, на истиот универзитет и навистина имам убаво искуство од овде. Ова е мое трето Еразмус искуство, од кои двете ми се од овој универзитет и едно од универзитет во Шпанија. Македонија е убава земја. Има многу работи што можат да се видат. У Универзитетот посветува многу внимание на практичната настава, нешто што недостасува на мојот универзитет во Италија, нагласува Алесандро Лаи, од Сасари Универзитетот од Италија.

Проректорката на УГД, Никодиновска-Крстевска им порача дека во наредниот период УГД ќе биде нивни партнер.

-Се надевам дека ќе поминете добро во наредните неколку месеци овде во Македонија. Ние сме благодарни и почестени што од сите универзитети во Европа, волку голем број на студенти го избрале токму Универзитетот „Гоце Делчев“ , рече Никодиновска- Крстевска

Годинава има студенти од Шпанија, Италија, Полска, Турција и Литванија. Сите се на различни факултети, а УГД прима над 50 студенти годишно преку Еразмус програмата. вдј/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан