• недела, 28 јули 2024

Штипската населба Сењак 4 доби ново спортско-рекреативно катче

Штипската населба Сењак 4 доби ново спортско-рекреативно катче

Штип, 26 ноември 2022 (МИА) - Завршено е уредувањето на игралиштето во штипската населба Сењак 4. Спортско – рекреативното катче денес беше отворено од страна на градоначалникот, Иван Јорданов.

Истакна дека просторот е направен за сите генерации со неколку спортски содржини.

-Се наоѓаме во населбата Сењак 4, на локацијата којашто пред година дена беше запоставена. Одлучивме во изминатите недели да направиме нешто различно и поинакво за жителите од оваа населба, за младите и за возрасните. Направивме неколку спортски содржини, специјализирана подлога за баскет, вештачка трева за мал фудбал, го оградивме игралиштето, поставивме детски реквизити, целосно е осветлено за содржините да може да се користат и навечер. Ова е нешто малку, што верувам дека многу ќе значи за овдешните жители, вели Јорданов.

Тој и денеска апелираше на совесност од граѓаните, но исто така најави и поставување камери за што поголема заштита на новите содржини кои се уредуваат во градот.

-Се надевам дека сите овие содржини, коишто ги поставуваме во населбите, ќе бидат сочувани. Во име на тоа, на сите спортски игралишта и катчиња ќе бидат поставени и камери со цел да бидат сочувани и да се спречи уништувањето, коешто последователно ни се случува во последно време. Ја користам оваа прилика уште еднаш да апелирам до нашите сограѓани – совесно да ги користат сите реквизити, сите добра, сите спортски содржини коишто ги правиме за да бидат подолго време користени, додаде Јорданов.

Новото спортско – рекреативното игралиште во населбата Сењак 4 е вредна 700.000 денари, а парите се обезбедени од општинскиот буџет. вдј/свс/

Остани поврзан