• недела, 28 јули 2024

Штипската населба Сењак 4 добива ново рекреативно катче

Штипската населба Сењак 4 добива ново рекреативно катче

Штип, 10 ноември 2022 (МИА) - Жителите на штипската населба Сењак 4 по три децении добија рекреативно катче. Со поставена вештачка трева, нови спортски содржини, летниковци и жителите од оваа населба ќе има каде да го поминуваат своето слободно време.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, кој изврши увид истакна дека активностите се преземени по барање на жителите, а овде со години претходно не се променило ништо.

-Станува збор за едно мало катче кое го уредуваме за овдешните жители, од најмалите до највозрасните. Ќе се постави подлога за баскет, за мал фудбал, целосно уредување на овие спортски терени, осветлување, нови детски реквизите, изјави Јорданов.

Граѓаните се задоволни, велат ваква инвестиција е потребна подолг временски период, само треба она што се прави да се чува.

Јорданов повторно упати апел до граѓаните да бидат совесни и да не го уништуваат она што се прави. Дополнително истакна дека игралиштето во истата населба, кое беше уништено веќе е санирано. Вкупната инвестиција за уредување на овој простор е 600.000 денари, обезбедени од буџетот на Општина Штип. вдј/мд/

Остани поврзан