• сабота, 23 ноември 2024

Штајнмаер: Ќе помогнеме во обновата на израелските кибуци уништени од Хамас

Штајнмаер: Ќе помогнеме во обновата на израелските кибуци уништени од Хамас

Тел Авив, 27 ноември 2023 (МИА) – Германија ќе обезбеди финансиска помош за обнова на израелските заедници уништени од Хамас во терористичките напади на 7 октомври, изјави денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, за време на посетата на Кибуцот Беера, една од заедниците што беше цел на палестинските милитанти на 7 октомври

Тој најави дека Германија следната година ќе даде седум милиони евра за неговата реконструкција.

Средствата ќе бидат искористени за обнова на културниот центар и местото за состаноци на постарите жители во овој кибуц, што се наоѓа на само неколку километри од границата со Појасот Газа.

Штајнмаер кажа и дека многу жители на кибуцот веќе размислуваат за враќање.

-Беери и многу други кибуци заслужуваат не само да бидат дел од историјата на Израел, туку пред сè од неговата иднина, нагласи германскиот претседател. 

Кибуцот Беери бил делумно основан од германски Евреи. Во нападот од 7 октомври беа убиени над 130 од неговите 1.300 жители, додека уште 50 се киднапирани. сд/

 

фото: ЕПА

Остани поврзан