Шпанскиот амбасадор Хосе Луис Лозано Гарсија ја посети Општина Битола
- Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, приреди прием и оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лозано Гарсија.
Битола, 25 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, приреди прием и оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лозано Гарсија.
Високиот гостин во Битола престојува по повод неделата на шпански филм, а со градоначалникот Коњановски, освен за културата, разговараа и за други форми на соработка.
-Општина Битола освен кон поддршка и промоција на културата, значително е насочена и кон подобрувањето на инфраструктурата, урбаната мобилност и заштитата на животната средина, како и создавање на нови паркови и хортикултурно уредени површини. Но, во блиска иднина може да се разговара и за економската состојба на Битола и можностите кои ги нуди Индустриската зона „Жабени“ за потенцијалните инвеститори, посочи Коњановски.
Предвидено е продлабочување и зајакнување на соработката меѓу Битола и шпански град што ќе го посочи амбасадорот Гарсија. мт/хс/