• сабота, 23 ноември 2024

Шолц ја предупредува Кина да не ја поддржува Русија

Шолц ја предупредува Кина да не ја поддржува Русија

Шангај, 15 април 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека ќе го предупреди кинескиот претседател Си Џинпинг да не и обезбедува воена поддршка на Русија.

Тој ќе посочи дека Русија води освојувачка војна против Украина „и инсистира дека никој не смее да помогне ова да успее. Затоа, ние исто така ги повикуваме сите да не ги заобиколуваат санкциите... и затоа бараме да не се испорачува оружје“, рече денеска Шолц во Шангај.

Нагласи дека тоа важи и за стоките што можат да се користат и за цивилни и за воени цели.

Кина се смета за најважен сојузник на Русија и постои сомневање дека испорачува таква стока. 

Шолц утре во Пекинг ќе се сретне со Си и со премиерот Ли Чијанг. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан